Феноменален натпревар на „Енфилд“: Арсенал и Ливерпул ремизираа во голеадата со десет погодоци (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул и Арсенал ни приредија вистински спектакл во натпреварот од Карабао Купот кој заврши без победник со резултат  5:5.

Гол серијата започна уште во 6. минута кога Шкодран Мустафи си постигна автогол. Не требаше многу, па Тореира во 19. минута изедначи на 1:1, а по само седум минути, Габриел Мартинели направи пресврт.

Младиот бразилски напаѓач во 36. минута погоди за 3:1 и дополнителна радост за „топчиите“, а на две минути до крајот на полувремето Џејмс Милнер погоди од белата точка за намалување на резултатот. Со 3:2 се заминана полувреме, а во вториот дел екипите продолжија таму каде застанаа во првиот дел.

Мејтланд-Најлс веќе во 54. минута погоди за 4:2 за Арсенал, но по само четири минути Окслејд Чемберлејн намали на 4:3. Не долго после тоа, во 62. минута Дивок Ориги го изедначи резултатот на 4:4.

Веќе во 70. минута го видовме и деветтиот погодок на средбата кога Џо Вилок погоди за ново водство на Арсенал, овој пат од 5:4. Сепак тука не беше крај на головите затоа што Дивок Ориги во 94. минута погоди за 5:5, па натпреварот замина во пенал серија.

Головитеод натпреварот може да ги погледнете на следниот ЛИНК