Фердинанд раскажа една анегдота за зборовите на Фергусон што му помогнаа на Јунајтед да ја освои својата 20-та титула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот стопер на Манчестер Јунајтед Рио Фердинанд зборуваше за влијанието на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Добро е познато дека Јунајтед предводен од Фергусон беше владеел во Англија, но по неговото заминување, „Црвените ѓаволи“ не мрднаа од мртва точка. Оле Гунар Солскјаер има многу проблеми во тимот, играчите играат под очекувањата, а се подалеку се од местата кои водат во Лигата на шампиони.

Фердинанд раскажа како било кога Јунајтед ја напаѓаше 20-та титула во Англија.

“Се сеќавам дека тој беше многу суров кон Керик, Сколс, мене и другите. Тој рече дека Ван Перси ќе ни донесе титула шампион ако му ја предадеме топката. Тој што не го стори тоа нема да игра повторно”, рече Фердинанд.

Ван Перси потоа постигна хет-трик против Астон Вила.

“Руни испрати долга топка до Робин, кој погоди со прекрасен волеј. Ние со тој гол ја освоивме Премиер лигата. Ако не беа зборовите на Алекс, Руни веројатно ќе одеше кон голот и тој шут немаше да се случи. Сепак, Вејн имаше во предвид што рече Алекс “, заклучи Фердинанд.