Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед повторно ги разочара навивачите. Барнли го однесе целиот плен од Олд Трафорд, а навивачите пред самиот крај го напуштија стадионот.
Гостите победија 2:0, а Јунајтед сега го завзема петтото место со 34 освоени бодови.
Навивачите се разочарани, губат трпение, а се погласни се со критиките кон Оле Гунар Солскјер да го напушти кормилото на клубот.
Легендарниот капитен на Црвените ѓаволи имаше што да каже.
“Не ја гледам екипата од 600 милиони фунти на терен. Што е купено? Седам овде и ми е срам. Луѓето што го водат клубот мораат да направат промени”, беше јасен Фердинанд.
Само малку навивачи го дочекаа последниот свиреж на судијата, а дали тоа ќе биде знак за драстични промени, останува да видиме.