Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала ова лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но одлучи на крајот да остане во Јувентус.
Јуве и Јунајтед договорја обесштетување за аргентинскиот играч, но на крајот Дибала не сакаше да премине на Олд Трафорд бидејќи бараше да биде еден од најплатените играчи во Англија.
Црвените Ѓаволи не сакаа да ги исполнат условите кои ги бараше Јунајтед и на крајот се откажаа од неговото доведување. Дибала судејќи според се ќе остане во Јувентус, иако е јасно дека не е прв избор кај Сари во нападот.
Откако овој трансфер пропадна, се огласи и поранешниот играч на Манчестер, Рио Фердинанд, кој порача дека му е драго што Дибала на крајот не пристигна во англискиот клуб.
„Тој веројатно мисли дека му е подобро да седи на клупа и да го чека трофејот од Лигата на шампионите. Подобро би го направил тоа отколку да игра за Манчестер Јунајтед. Среќен сум што не дојде, бидејчи го нема она што играч на Јунајтед треба да го поседува. Такви не ни требаат“, порача Фердинанд.