Ферер застана во одбрана на Алкараз: Не се сеќавам дека Ѓоковиќ и Надал освоија сè на 20 години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Алкараз е во голема криза по победата против Новак Ѓоковиќ на Вимблдон. Шпанецот запиша неколку порази, но тоа не го загрижува поранешниот шпански тенисер Давид Ферер.

Ферер вели дека Алкараз има само 20 години и се запраша дали на таа возраст победувала и „големата тројка“ составена од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

„Карлос е втор најдобар тенисер во светот, но не може да очекувате од него постојано да победува. Не се сеќавам ниту дека Рафа, Новак и Роџер освоија сè на та возраст“, кажа Ферер.

Ѓоковиќ е прв на АТП-листата со 9.675 бодови, по што следи Алкараз со 8.805 бодови.