Фергусон: Манчестер Јунајтед нема да освои титула во следната деценија


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Легендарниот тренер и омилен на сите навивачи на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, даде реална, но болна изјава за Црвените ѓаволи.

Сер Алекс Фергусон, човек чие име и денес предизвикува стравопочит низ фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови кои навистина нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Легендарниот Шкот даде прилично мрачно предвидување за иднината на клубот, истакнувајќи дека враќањето на трон на Премиер лигата може да трае уште цела деценија.

Да потсетиме, Манчестер Јунајтед последен пат беше шампион на Англија во 2013 година, токму во сезоната кога Фергусон се повлече од клупата.

„Кога јас дојдов, Ливерпул беше исклучително силен. Беше шампион на Европа, но тогаш им требаше дури 30 години повторно да освојат титула на шампион на Англија.“

Токму во оваа реченица се крие и најголемото предупредување за денешниот Јунајтед. Фергусон смета дека клубот моментално е во слична ситуација како што некогаш беше Ливерпул, и дека сушата без титула од Премиер лигата може да трае уште најмалку десет години, ако не се сменат работите од корен.