Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед игра одлично во моментов и се вклучи во трката за титулата во Премиерлигата, а ќе се бори и за трофеј во Лига Купот.
Тренерот Ерик Тен Хаг ги оправда очекувањата по доаѓањето во Манчестер, а синоќа имаше вечера со легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Англиските медиуми ги фотографираа Тен Хаг и Фергусон на заедничка вечера, а сигурно помладиот тренер добил совети како да се соочи со следните предизвици.
„Ѓаволите“ играат во Лига Европа против Барселона, како и против Њукасл во Лига Купот, па ќе се обидат да ја освојат првата титула по 2017 година.