Фергусон разочаран од навивачите: Ваков потег не се оправдува! 🎥

Евертон продолжи со лошите резултати во Премиерлигата и по заминувањето на Рафаел Бенитез, откако денеска загуби од Астон вила со 0-1 и тоне кон зоната за испаѓање од лигата.

Новиот привремен тренер на „карамелите“, Данкан Фергусон беше разочаран од неговите фудбалери, но и од навивачите кои беа бесни по голот на Астон вила, па почнаа да гаѓаат со шишиња.

„Не треба навивачите да реагираат така. Нема оправдување за такви работи. Тоа не смее да се случува затоа што е погрешно. Бевме добри во второто полувреме и моравме да дадеме гол., но не успеавме…“, вели Фергусон.