Фернандеш има порака за сите кои мислат дека Роналдо е – себичен!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кристијано Роналдо му асистираше на Бруно Фернандеш во победата на Португалија од 3-0 против Турција на Европското првенство (ЕП).

Фернандеш по натпреварот застана во одбрана на неговиот сонародник и ги нападна критичарите кои го обвинуваат Роналдо дека е себичен.

„Секој фудбалер сака да постигнува голови, но тоа не е секогаш најважно. Победата на Португалија е поважна од сите индивидуални признанија и од тоа кој постигнал гол“, кажа Фернандеш.