Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Манчестер Јунајтед го има најлошиот почеток на сезона на домашен терен во последните 131 година, по поразот од 1-3 од Брајтон на „Олд Трафорд“.
Капитенот Бруно Фернандеш одлучно ги отфрли сите претпоставки дека ваквите резултати може да бидат нова реалност за клубот.
„Ја разбирам гледната точка на луѓето кои не се во тимот, но ние не смееме да се согласуваме со ваквиот резултат. Ова не е начин на кој сакам да бидам дел од Манчестер Јунајтед. Не дојдов овде за да губам натпревари и да бидеме во оваа состојба. Секој од нас, вклучувајќи ме и мене, треба да прифати одговорност. Ако некој мисли спротивно, не треба да биде дел од тимот,“ изјави тој.