ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека би му било тешко да се повлече од Формула 1 на крајот на 2026 година, ако тимот не биде конкурентен следната сезона.
Договорот на 44-годишниот двократен шампион истекува на крајот од следната година, а Алонсо рече дека размислувал да ја напушти Формула 1.
“Ако работите одат добро, мислам дека тоа е многу добар момент да престанам, бидејќи долго време се стремам кон конкурентен автомобил и натпреварувачки трки и ако го постигнам тоа, тоа ќе биде многу добар начин да ја завршам кариерата.”
„Да кажеме, ако сме конкурентни, поголеми се шансите да престанам. Ако не сме конкурентни, ќе биде многу тешко да се откажам без нов обид”, додаде шпанскиот возач, пренесе Би-Би-Си (BBC).
Алонсо ги освои титулите во 2005 и 2006 година возејќи за Рено, но не победил на трка уште од 2013 година, кога возејќи за Ферари триумфираше на трката во Шпанија.
Алонсо за четири години во Ферари трипати беше вицешампион, а во 2010 и 2012 година заостануваше пет и четири поени зад шампионот Себастијан Фетел од Ред Бул, и покрај тоа што возеше послаб автомобил.