Фернандо Љоренте пред потпис со Манчестер Јунајтед!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок би можел да доведе изненадувачко засилување во нападот.

Како што објави познатиот експерт за трансфери Џанлука Ди Марцио раководството на „црвените ѓаволи“ сериозно размислува за ангажирање на искусниот шпански напаѓач Фернандо Љоренте.

Кога веќе станува јасно дека дресот на клубот од „Олд Трафорд“ нема да го носи Ромелу Лукаку Јунајтед ќе мора да побара еден напаѓач, а наводно во овој момент 34 годишниот Шпанец е прва желба.

Интересно е дека Љоренте ќе може да потпише за Јунајтед дури и после завршувањето на летниот преоден рок кој во Англија завршува утре во 18:00 часот.

Тоа е добра работа за Јунајтед кој сигурно ќе мора да пронајде уште еден напаѓач пред почетокот на долгата сезона, а останува да видиме дали Љоренте ќе биде решението.

Љоренте зад себе има богата кариера. Претходните две сезони играше за Тотенхем, а претходно на Островот го носеше дресот на Свонси.