Ферстапен доби казна за трката во Белгија

Двократниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ќе ја почне трката во Белгија пет места поназад од резултатот кој ќе го оствари во квалификациите.

Причина за тоа е надминување на дозволениот број на промена на делови за трансмисијата на болидот.

Холанѓанецот ќе добие казна која ќе важи само за главната трка, но не и за спринтот кој се вози в сабота.

Ферстапен останува главен фаворит за победа на трката, на која се очекуваат и лоши временски услови, односно дожд.