Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон кажа дека возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен е најдобар во историјата на спортот.
Еклстон ја следеше трката за Големата награда на Бразил, каде што Холанѓанецот ја оствари 52. победа во кариерата.
„Ферстапен е најдобар возач во историјата и неговото влијание е големо врз популарноста и напредокот на спортот“, вели Еклстон.
Следната трка во Ф1 се вози на 18 ноември за Големата награда на Лас Вегас.









