Ферстапен е загрижен: Мекларен е голема закана за титулата!


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е загрижена дека Мекларен би можел да му направи проблеми на патот кон титулата.

Ферстапен оваа сезона не е доминантен како во претходните, а Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен имаат сè подобри резултати.

„Доколку продолжат да победуваат, тогаш ќе бидат сериозна закана во борбата за титулата“, кажа Ферстапен.

По 14 трки, Ферстапен има 78 бодови повеќе од Норис, додека шампионатот во Ф1 продолжува на 25 август со трката во Холандија.