Ферстапен го „елиминира“ Норис, Расел триумфира на трката во Австрија

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел триумфира на трката за Големата награда на Австрија, откако претходно во 64. круг се случи инцидент меѓу Макс Ферстапен и Ландо Норис.

Расел го искористи инцидентот и го презема водството, додека зад него на подиумот завршија Оскар Пјастри и Карлос Саинц.

Четвртото место му припадна на поранешниот светски шампион Луис Хамилтон, додека поени освоија и Нико Хулкенберг, Ферстапен, Серхио Перез, Кевин Магнусен, Даниел Рикардо и Пјер Гасли.