Ферстапен најбрз во квалификациите за трката во Бахреин (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шампионот во Формула 1, Макс Ферстапен беше најбрз на квалификациите во Бахреин и ја освои пол-позицијата за првата трка во новата сезона.

Возачот на Ред Булбеше побрз од клупскиот колега Серхио Перез, по што следеа двата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Во топ-10 ќе стартуваат и Алонсо, Расел, Хамилтон, Строл, Окон и Хулкенберг, а трката се вози утре од 16 часот.