Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Возачот на Ред Бул Макс Ферстапен изјави вечерва дека имал одличен тркачки викенд во Остин, како и дека сега постојат шанси да освои петта последователна титула во шампионатот на Формула 1.
„Ова беше неверојатен викенд за нас. Знаев дека трката нема да биде едноставна. Мислам дека, ако ја погледнете целата трка, темпото помеѓу мене и Ландо (Норис) беше многу слично. Мислам дека разликата ја направивме на првите гуми (средно тврди). Успеав да направам мала предност и тоа е она што ја зачувавме до крајот”, рече Ферстапен, пренесе Би-би-си.
Холандскиот возач на патеката во Остин го забележа 68-от триумф во кариерата, воедно петти во сезоната, со што го намали заостанувањето зад водечкиот тандем Мекларен.
Оскар Пјастри (трката во Остин ја заврши на петтото место) во генералниот пласман води со 346 бода, второпласираниот Норис заостанува 14 бода, додека Ферстапен е трет со 306 бода.