Ферстапен не се грижи за Перез: Тоа не е мој проблем!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен е на добар пат да ја одбрани титулата, а по трката во Канада го критикуваше неговиот колега Серхио Перез.

Перез го освои шестото место на трката и ја продолжи лошата серија на резултати, а потоа во медиумите се појавија шпекулации дека Мексиканецот би можел да замине од екипата на крајот на сезоната.

„Да не бев таму, ова ќе биде поинаков викенд за Ред Бул. Возењето на другиот возач е проблем на тимот и тие мора да го решат. Тоа не е мој проблем“, кажа Ферстапен.