Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен се потсети на своето детство и времето поминато со семејството Шумахер.
Таткото на Ферстапен беше возач во Ф1 и близок пријател со Михаел Шумахер, а неговата мајка Софи Кумпен исто така возеше рели.
„Се сеќавам на нашите заеднички одмори. Бев мал, не знаев дека е седумкратен шампион, за мене беше само чичко Михаел. Секогаш беше пријатно со него. Луѓето си мислат дека секогаш има гламур во Ф1, но тоа беа само две семејства кои одат на одмор. Со Мик на почетокот не се разбиравме, тој зборуваше германски, а јас холандски“, открива Ферстапен.