Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Макс Ферстапен нема да тргне од првата позиција на трката за Големата награда на Мексико, која се вози вечерва од 20.10 часот.
Холанѓанецот имаше најдобро време во квалификациите, но беше казнет со три позиции, зашто не го почитуваше жолтото знаменце по судирот на Валтери Ботас.
Ферстапен признал дека го видел инцидентот на Ботас и не ја намалил брзината, но кажа дека не видел жолто знаменце и поради тоа направил грешка.
Сепак, и покрај тоа Ферстапен е казнет со три места при старт на трката, како и два казнени бода, кои му ги доделија судиите.
Ова значи дека првите две позиции ќе ги имаат Шарл Леклер и Себастија Фетел од Ферари, а трет ќе тргне Луис Хамилтон.