Ферстапен: Ова нема да биде последната победа на Норис!

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ја запре победничката серија на Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Мајами.

Норис конечно го оствари првиот триумф во Формула 1 по 110 трки, а доби честитки од сите колеги, меѓу кои беше и Ферстапен.

„Понекогаш ќе победиш, некогаш ќе загубиш. Денеска имав проблеми, но среќен сум поради Ландо. Долго чекаше на победа и конечно се израдува, а јас верувам дека нема да му биде последна победа во Формула 1“, кажа Ферстапен.

Ферстапен е прв во генералниот пласман со 136 бодови, по што следи Перез со 101, додека Леклер има 98 бода.