Ферстапен по трката во Катар: Ја изгубив почитта кон Расел!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Макс Ферстапен запиша рутинска победа на трката во Катар, а потоа имаше нешто да каже за својот ривал Џорџ Расел.

Ферстапен беше разочаран од настојувањата на Расел да му се додели казна поради опасно бавна возење за време на квалификациите.

„Бев многу изненаден кога видов што се случува. Меѓу возачите постои голема почит; толку пати сме седеле заедно во иста просторија и никогаш не сум видел некој на тој начин да се обиде да подметнува друг. Јас ја изгубив почитта кон Расел“, порача повеќекратниот светски шампион.

Да потсетиме, Холанѓанецот во Катар стигна до десеттата победа во сезоната и со тоа обезбеди четврта последователна титула во Ф1.