Ферстапен потпиша договор каков ретко се гледа во Ф1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новата сезона во Формула 1 ќе почне за речиси три недели, а екипите се подготвуваат за новите предизвици, додека титулата ќе се обиде да ја одбрани Макс Ферстапен.

Ферстапен во последната трка од минатата година ја освои титулата, а денеска потпиша нов договор со Ред Бул, каде што ќе вози уште најмалку пет години.

Холанѓанецот нема намера да го напушта тимот, а тоа го докажа со потписот на нова соработка која ќе трае до 2028 година.

Во Ф1 досега не е забележано некој возач да потпише договор на пет години, зашто вообичаено возачите потпишуваат на две или три години.