Ферстапен трета година по ред е најдобар во Јапонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Возачот на Ред Бул и актуелен шампион, Макс Ферстапен славеше на трката за Големата награда на Јапонија.

Трикратниот светски шампион зад себе го остави тимскиот колега Серхио Перез, додека третата позиција му припадна на Карлос Саинц од Ферари.

Шарл Леклер беше четврти, по што следат Ландо Норис од Мекларен, Фернандо Алонсо од Астон Мартин, Џорџ Расел од Мерцедес и Оскар Пјастри од Мекларен.

Следната трка во Формула 1 се вози на 21 април за Големата награда на Кина.