Фетел кажа дали ќе се врати во Формула 1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот светски шампион Себастијан Фетел на крајот на 2022 година се повлече од Формула 1, а новинарите ги интересираше дали Германецот сака да се врати од следната сезона.

Фетел го прекина молкот по шпекулациите за неговото враќање од пензија за да го замени Луис Хамилтон во Мерцедес.

„Сè уште ги следам трките, во моментов се случуваат многу работи, но за мене Формула 1 не е во центар на внимание. Кога заминував, кажав дека никогаш не треба да велиме никогаш, но тоа не значи дека се враќам“, кажа Фетел.