Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, по денешната убедлива победа на македонската репрезентација против Лихтенштајн, излезе со важна најава.
Тој потврди дека приходите од влезниците и сите финансиски средства собрани од претстојниот натпревар против Велс, кој ќе се одигра на домашен терен за три дена, ќе бидат донирани за поддршка на семејствата и настраданите од трагичниот пожар во Кочани.
„Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе.
Како знак на поддршка и солидарност, сакам да најавам дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите. Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат“, кажа Омерагиќ.