ФФМ ги промени термините на натпревари од ПМФЛ, ВМФЛ и купот поради новиот полициски час


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реагираше брзо по новите рестриктивни мерки кои беа воведени на цела територија на Македонија.

ФФМ извести дека натпреварите од ПФМЛ и ВМФЛ ќе се играат со почеток од 13:00 часот се додека на сила се новите мерки.

“Почитувани,
Ве известуваме дека поради засилување на антиковид-мерките и воведување на полициски час на целата држава од 20:00-05:00 часот, Комисијата за натпревари на ФФМ донесе одлука сите натпревари од Прва, Втора лига Исток и Запад и Куп натпреварите да започнуваат од 13:00 часот, сè додека е на сила полицискиот час. Одлуката стапува на сила веднаш“, стои во соопштението.

Мерките Владата соопшти да важат до 20 април кога ќе се донесе одлука што понатаму.