ФФМ побара да се одложи мечот Македонија – Косово


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Македонија побара одложување на мечот од баражот за пласман на Европското првенство во 2020 година, кој се игра против Косово во Скопје.

Дуелот меѓу Македонија и Косово е закажан за 26 март, а мечот треба да се одигра во Скопје и тоа без присуство на публика, откако Владата донесе таква одлука.

Со дополнително објаснување дека опасност претставува и враќањето на репрезентативците од земјите кои се најзагрозени, Македонија побара одложување на натпреварот.

Сега се очекува официјален одговор за тоа дали останува терминот за одигрување на мечот или ќе се бара друг термин.