ФИА: Нема понуди од нови тимови за Формула 1


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


И покрај тоа што, поединени медиуми, првенствено британски, шпекулираат дека наскоро во Формула 1 би можело да се појават нови тимови, но за сега тоа нема да биде случај.

Се споменува дека од 2021. година нови тим би требало да биде Пантера Тим-Азиа кој би го предводел Бенџамин Дуранд, но официјалната понуда сеуште не е пристигната.

„За сега имаме 10 јаки тимови, а секој од нив има своја вредност. Среќни сме со моменталниот број на тимови. Времето ќе покаже дали ќе има промени ако се земе во предвид дека бројката од 10 до 12 тимови е сосема пригоден број“, рече претседателот на ФИА, Жан Тод.

Последниот тим кој влезе во најбрзиот октански циркус на светот е Хас и тоа во 2016. година, додека во меѓувреме Рејсинг Поинт купи опрема од Форс Индија.

„Не ги земам во предвид разговорите, шпекулациите и слично, само конкретни работи.

За сега сеуште ништо немам разбрано. Сум немал никаков контакт со некој тим кој би сакал да влезе во Формула 1.“, нагласи Тод.