ФИА подготви голема промена: Зголемен бројот на спринт трки во Ф1


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Формула 1 ја разгледува можноста од следната сезона да се возат поголем број на спринт трки, па наскоро треба ФИА да даде зелено светло за предлогот.

Во моментов во календарот има три спринта за оваа сезона, а првиот се возеше во Имола, каде што триумфираше Макс Ферстапен.

Ф1 тимовите сакаат да ги зголемат бројот на спринт трки со оглед на популарноста, а раководството на ФИА наскоро ќе даде зелено светло и од следната сезона ќе гледаме шест спринт трки.

„Првата од трите спринт трки сезонава беше популарна меѓу навивачите и тимовите, па затоа поддржуваме зголемување на бројот на такви трки на шест во сезона“, соопшти Комисијата на Ф1.