Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светското кошаркарско првенство кое во минатите две недели се одржуваше во Кина заврши со триумф на Шпанија.
Многу учесници го криткуваа форматот на натпреварувањето поради долгите патувања низ турнирот и така имаа малку време кошаркарите да се одморат и да се подготват за натпреварите.
На следниот Мундобаскет чиј домаќин ќе бидат Јапонија, Индонезија и Филипини, учесниците ќе имаат олеснителна околност.
„Откако го искусив тоа на Мундобаскетот, сфатив дека има некои несовршености. Тоа се работи кои ќе ги унапредиме во иднина“, кажа генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис.
На Светското првенство во Кина за 16 дена беа одиграни рекордни 92 меча во осум градови.