Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
ФИБА, без апсолутно никаков повод, потсети на неверојатната тројка на Владо Илиевски во последните секунди од мечот на Европското првенство во 2011 година во Литванија и тоа против домаќинот, кој го урнавме пред нивната публика.
Тоа е дефинитивно најубавиот момент во историјата на македонската кошаркар и еден од најубавите воопшто во македонскиот спорт. Токму таа тројка донесе полуфинале за македонските кошаркари во Литванија.
Секако, сите го паметиме и легендарниот коментар на Владо Илиевски, кој кажа – Леле луѓе, што направивме!?