Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Речиси и да немаше селектор или играч што за време на Светското првенство, кое е во завршница, не се пожалил на судењето, но ФИФА до сега никого не казни поради јавни критики упатени кон судиите по натпреварите. Клучниот збор е – досега.
Повикувајќи се на извори од светската фудбалска организација, The Athletic наведува дека ФИФА планира да ги санкционира сите кои јавно го коментирале судењето по неповолни резултати, без разлика дали станува збор за играчи или селектори.
Иако во Премиер лигата и другите елитни европски клупски натпреварувања е вообичаена пракса за ваквите изјави да се изречуваат парични казни или суспензии, The Athletic тврди дека ФИФА засега не реагирала, но дека чека крај на турнирот за да покрене дисциплински постапки против оние кои јавно ги критикуваа судиите.
















