Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши да го помести датумот на почетокот на Светското првенство (СП) за еден ден порано, објави „Атлетик“.
Причина за ова е да се избегне преседан според кој во првиот ден од шампионатот би играле две селекции од која ниту една не е домаќин.
Со ова ќе му се даде шанса на Катар да се пресмета со Еквадор како прв меч на Мундијалот, а истиот би требало да се игра на 20 ноември од 20 часот.
Според претходниот распоред, турнирот требаше да го отворат селекциите на Сенегал и Холандија.