Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго не штедеше зборови по елиминацијата на Португалија од Светското првенство.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и репрезентацијата на Португалија го критикуваше селекторот Роберто Мартинез, сметајќи дека не го искористи огромниот потенцијал кој го имаше на располагање.
Португалија го заврши натпреварувањето со пораз од Шпанија, а Фиго смета дека причината за неуспехот не е изненадување.
“Не ме изненадува што загубивме од Шпанија бидејќи имавме несреќа да имаме просечен тренер кој секогаш има среќа да добие големи позиции. Роберто Мартинез е истиот тој тренер кој не можеше ништо да освои со златната генерација на Белгија”, изјави Фиго.
















