Фиго ја кажа прогнозата за финалето во ЛШ и ја поздрави – Македонија (Видео)


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго кажа дека очекува победа на Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампиони (ЛШ), каде што „кралскиот клуб“ ќе се соочи против Ливерпул.

Фиго потоа испрати и поздрав до Неготино и Македонија, а пораката ја објави на социјалните мрежи.

„Здраво Влад, јас сум Луис Фиго. Твоите пријатели Боби и Петар сакаат да знаеш дека Ливерпул е одличен тим. Реал Мадрид ќе ги победи и ќе го освои трофејот во Париз. Хала Мадрид и голем поздрав до Неготино и Македонија“, кажа Фиго.