Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер Луис Фиго е еден од ретките фудбалери кои направија „предавство“ и се преселија од Барселона во Реал Мадрид.
Фиго во 2000 година го напушти „Камп Ноу“ и го засили најголемиот ривал во трансфер вреден 62 милиони евра.
Португалецот ги откри причините за неговата преселба во Мадрид од Барселона, а вели дека Каталонците не го почитувале доволно.
„Беше тоа тешко, но важна улога. Го напуштив градот кој ми даде многу работи. Меѓутоа, кога ќе забележите дека не ве почитуваат доволно поради тоа што сте го постигнале и кога имате понуда од друг клуб, тогаш размислувате за трансфер“, кажа Фиго.
Легендата на португалскиот фудбал за Барселона играше од 1995 до 2000 година, а за Реал од 2000 до 2005 година.