Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Луис Фиго знае кој треба да го наследи Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот тим.
Зидан во вториот мандат беше помалку успешен отколку во првиот, па засега не е познато кој ќе седне на кормилото на Реал, иако се споменуваат имињата на Антонио Конте, Маурицио Покетино…
Фиго смета дека неговиот поранешен соиграч Раул би бил идеално решение за клупата на „кралскиот клуб“.
„Сакам Раул да го тренира Реал Мадрид затоа што ми е пријател и брат, но тоа зависи од клубот. Во иднина, ако не сега, сигурно ќе добие шанса да го тренира тимот. Многу е важно следниот тренер да биде некој како Зидан, кој го познава клубот“, изјави Фиго.
Раул ја почна тренерската кариера во 2018 година во младинските категории на Реал, а засега нема искуство со водење на сениорски тим.