Филмско сценарио: Со пушки сакале да ја киднапираат цела фудбалска репрезентација! 🎥


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Едно видео кое се појави на социјалните мрежи ги изненади непријатно сите во светот затоа што фудбалерите на Белизе преживеаа вистински пекол на гостувањето во Хаити.

Малку недостигаше да бидат киднапирани репрезентативците на Белизе пред мечот против Хаити, откако неколку лица со пушки го запреле автобусот.

Во последен момент се појавила полицијата, која реагирала и ги избркала разбојниците и така ги спасила фудбалерите на Белизе, кои веднаш се пожалиле до ФИФА и КОНКАКАФ.

„Изненадени сме од ова што ни се случи. Контактирани се ФИФА и КОНКАКАФ, сите наши играчи се потресени од тоа што се случи“, стои во соопштението од репрезентацијата на Белизе.