Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повторно се отвори прашањето каде ќе се игра Копа Либертадорес.
Изминатата година реваншот на Бока Јуниорс и Ривер се одигра во Мадрид поради безбедносни причини, но исто и оваа година финалето би требало да се одигра надвор од Јужна Америка.
Имено, Ривер и бразилскиот Фламенго треба да се сретнат на 23. Нември, но ова е првото финале во кое се игра само еден натпревар.
За домаќин беше избран Чиле. Но, денес, CONMEBOL не може да гарантира сигуност, со оглед на протестите кои започнаа во оваа земја.
„Загрижен сум поради ситуацијата во Чиле. Се надевам дека се може да се реши по мирен пат поради нивната земја и нивниот народ, а исто така и поради нас кои сакаме да бидеме сигурни каде ќе играме“, рече тренерот на Ривер, Марсело Гаљаро.
Бразил и Аргентина отпаднаа, во Чиле нема да се одигра со сигурност, така да оваа година финалето можно е да се одигра некаде во Европа, а бидејќи останаа уште 22 денови, управата на CONMEBOL ќе мора да побара решение што е можно побрзо.