Финска не фати на искуство: Македонија поразена на стартот на Европското првенство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија претрпе пораз на отворањето на Европското првенство во одбојка.

Финска победи со 3:1 (25:23, 25:22, 23:25, 25:21) во натпревар во кој во сите сетови бевме сосема рамноправен противник. Може да се каже дека натпреварот Македонија го загуби на неискуство.

Финците и пред мечот беа фаворити, па затоа не треба да не загрижува многу овој пораз. Македонија шансата треба да ја бара на натпреварите против Белорусија и Турција по кои ќе може да се прават калкулации за пласман во осминафиналето.