Фиорентина и Јувентус ремизираа, Дибала повторно остана на клупата


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Фудбалерите на Фиорентина и Јувентус воопшто не го понудија тоа што го очекувавме во денешната дерби пресметка од третото коло од Серија А.

Двата клуба одиграа не многу возбудлив натпревар кој на крајот заврши без голови на општо незадоволство на фановите.

Она што најмногу привлече внимание од овој натпревар е тоа што Пауло Дибала повторно остана закован на клупата за резервни фудбалери на Јувентус.

Веќе е трет натпревар за Јуве, а Дибала на втор од нив останува на клупата, а на само еден беше дел од тимот и тоа само 15 минути. Тоа јасно говори дека Аргентинецот нема да биде во прв план кај Маурисио Сари.