Фиорентина потврди дека дури пет члена на првиот тим се опоравиле од коронавирусот


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Клубовите во Италија од денес имаат дозвола да тренираат во групи и од ден на ден е јасно дека животот се враќа во нормала.

Сите играчи беа тестирани за коронавирус во претходните десет дена, а имаше и такви кои беа заразени. Повеќето случаи биле во Фиорентина и Сампдорија, но повеќето од заразените веќе закрепнале.

Фиорентина утрово потврди дека сите инфицирани се повторно тестирани, и дека тестот само на едно лице е се уште позитивен.

Ова е дефинитивно одлична вест затоа што тимот наскоро ќе биде комплетен на тренинзи. Сè уште не е познато кога Серија А ќе продолжи, но многумина се надеваат дека тоа би можело да се случи на 13. јуни.

Во Фиорентина имаше шест лица кои биле заразени со коронавирусот, а дури пет од нив веќе закрепнале.