Фиорентина прекина серија на Јувентус долга – 560 дена!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јувентус за првпат од трети март 2018 година го загуби првото место во италијанската Серија А. Тие беа на врвот дури 560 дена, но по ремито со Фиорентина во Фиренца, шампионот му дозволи на Интер да се искачи на првата позиција.

Јувентус на трети март 2018 година го победи Лацио, а Наполи загуби од Рома и тогаш клубот од Торино го презема првото место, кое не го пушти до вчера.

Тоа беше походот на седмата титула по ред во Серија А, а „бјанконерите“ и сезонаава со Кристијано Роналдо се најголем фаворит за „Скудетото“, иако Интер има квалитет и со пристигнувањето на Антонио Конте се вклучија во борбата за трофејот.

Секако, не треба да се откаже ниту Наполи со Карло Анчелоти, кој вчера ја совлада Сампдорија.