Фирмино во 90. минута погоди за победа против Тотенхем на „Енфилд“ 🎥


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вечерва беа одиграни уште три натпревари од 13. коло во Премиерлигата, а Ливерпул славеше во дербито против Тотенхем со 2-1.

Ливерпул постигна гол за водство во 26. минута преку Мохамед Салах, а седум минути подоцна Хеунг-Мин Сон постигна прекрасен погодок за 1-1.

И кога сите помислија дека резултатот ќе остане 1-1, тогаш Роберто Фирмино со глава испрати удар кој не можеше да го одбрани Уго Лорис (2-1).

Вест хем ги подели бодовите со Кристал Палас (1-1), а нерешено одигра и Фулам и Брајтон (0-0).