Физикела кажа какви шанси има Хамилтон со Ферари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот возач во Формула 1, Џанкарло Физикела е свесен како функционира Ферари и затоа реши да каже какви шанси има седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Хамилтон од 2025 година ќе вози за Ферари, а тоа ги возбуди италијанските навивачи, иако има и такви кои се разочарани поради потегот на тимот. Сепак, Физикела смета дека Хамилтон има добри шанси за осмата, рекордна титула во спортот.

„Претпоставувам дека Хамилтон има добри шанси да ја освои осмата светска титула. Сè уште не знаеме дали ќе се случи, но според мене шансите се околу 30-40 отсто. Ако го направи тоа, тогаш ќе стане најдобар во историјата во Ф1. Се надевам дека ќе му успее намерата“, кажа Физикела.