Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Олександр Усик го совлада Ентони Џошуа и така ја одбрани титулата во ИБФ, ИБО и ВБО, по што побара битка против Тајсон Фјури, кој неодамна објави дека ќе се пензионира.
Украинецот веднаш побара битка со Фјури и верува дека тој не е во пензија и ќе се врати во рингот за да се пресметаат.
Фјури кажа дека ќе се врати во рингот, но само под еден услов, а тоа се 500 милиони долари и за помалку пари воопшто не ни помислува да се бори.
„Таа борба за мене е чисто поради пари. Јас сум среќно пензиониран и имам доволно пари. За да се борам, мора тоа да биде најголемата исплата во историјата. Флојд Мејведер за битката со Мани Паќао доби 400 милиони евра. Јас барам 500 милиони. Не ми треба тој на мене, јас му требам на него“, кажа Фјури.