Фјури откри: Имав секс со повеќе од 500 жени


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Тајсон Фјури кажа дека бил активен и надвор од рингот, односно спиел со повеќе од 500 жени.

Фјури зборуваше за грешките од минатото во разговор со „Боксинг Њуз Онлајн“ и откри дека не можел да им одолее на згодните дами.

„Ќе бидам искрен и нема да кажам дека сум национален херој или пример за младите. Всушност, јас сум лажго и измамник. Сум имал секс со повеќе од 500 жени. Потоа почнав да пијам и бев во депресија. Не сум религиозен, но плаќам за грешките кои сум ги направил во животот. Жал ми е за моите постапки од минатото“, кажа Фјури.

Искусниот боксер се враќа во рингот во мај и ќе се бори против Александар Усик.