Флик смета дека Баерн Минхен неправедно го избркал Нагелсман!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот селектор Ханси Флик побара да си замине од Баерн Минхен за да ја преземе репрезентацијата, а сега даде коментар за судбината на неговиот наследник во бундеслигашот.

Баерн Минхен го избрка Јулијан Нагелсман додека беше на одмор во Австрија, а сите во Германија останале изненадени со одлуката на раководството на гигантот.

Флик смета дека Нагелсман неправедно добил отказ затоа што останува без шанса да се бори за трите трофеи, но во исто време ја откри и реакцијата на дел од фудбалерите на Баерн.

„Сметам дека е вистинска штета и на Нагелсман му е нанесена неправда. Сите играчи на Баерн во репрезентацијата беа изненадени со одлуката на раководството на тимот“, вели Флик.